Ferdi Türkten
18 Март 2017•Ажурирај: 18 Март 2017
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) во антитерористичките акции минатата недела на источниот, јужниот и југоисточниот дел на Турција неутрализираа 28 припадници на терористичката организација ПКК, а пет терористи на ПЈД/ПКК на северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Акциите против терористичката организација ПКК минатата недела извршени се на подрачјата на Дијабакир, Бинѓол, Сирт, Батман, Битлис, Хакќари и Ширнак.
Операциите се покренати со цел ослободување на подрачјата на кои дејствуваат припадниците на споменатата организација. Покрај неутрализираните терористи, припадниците на безбедносните сили запленија 66 рачно изработени експлозиви, осум пешадиски пушки, 93 рачни бомби, околу 1.250 амонијак нитрат и голема количина на муниција.
Уништени се 54 засолништа и складишта кои терористите ги користеле.
Во рамките на контролата на границите фатени се 3.873 лица кои по илегален пат се обиделе да ја преминат турската граница. Освен тоа, загинаа двајца турски војници а пет се ранети.
Продолжени се и акции против терористичките организации на северниот дел на Сирија особено ДЕАШ.
Во Ал Баб, Кабасин и Бзагах се продолжени акциите на ослободување на терористите на ДЕАШ и отстранувањето на експлозивните средства кои ги поставија терористите. Преземени се и мерки со цел спречување на ПЈД/ПКК во Африн кон источниот и Мунбиџ кон западниот дел.
Откако офанзивата „ Штитот на Еуфрат ” започна на северниот дел на Сирија, во август минатата година, заробени се 3.067 припадници на терористичката организација ДЕАШ а од кои 2.647 се неутрлаизирани. Исто така неутрализирани се и 469 припадници на ПКК/ПЈД од кои 432 се убиени.
Турските вооружени сили погодија 2.325 засолништа а уништија и 3.929 експлозивни направи од домашна изработка и 95 мини.