Yıldız Nevin Gündoğmuş
10 Јули 2021•Ажурирај: 11 Јули 2021
Турските сили неутрализираа четворица терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ во подрачјето во северна Сирија во коешто беше реализирана операцијата „Извор на мирот“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на социјалните мрежи ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се наведува дека нема да ги дозволат активностите на терористите.
„Нашите херојски командоси неутрализираа четворица терористи на ПКК/ЈПГ кои извршиле обид за напад во зоната во којашто беше реализирана операцијата Извор на мирот“, се вели во ова соопштение.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.