Faruk Zorlu
02 Август 2019•Ажурирај: 03 Август 2019
АНКАРА (АА) - Во рамките на антитерористичките операции, турските воени авиони неутрализираа пет терористи на ПКК во северен Ирак, сооопшти денес турското Министерство за одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Воздушните напади се изведени во подрачјето на Метина и Зап во рамките на тековната операција Канџа“, истакна Министерството на Твитер.
На 27 мај Турција ја започна операцијата „Канџа“ против терористичката организација ПКК во регионот на Хакурк, во северен Ирак. До денес неутрализирани се десетици терористи.
Терористите на ПКК често го користат северен Ирак како база за планирање прекугранични напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), е одговорна за смртта на речиси 40.000 лица, меѓу кои жени, деца и новороденчиња.