Yıldız Nevin Gündoğmuş
18 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
АНКАРА
Турските безбедносни сили неутрализираа пет терористи на ПКК во северен Ирак, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите се неутрализирани во воздушни напади со беспилотни летала во заедничка операција спроведена од Турските вооружени сили и националната разузнавачка агенција во регионот Хакурк“, се вели од Министерството, кое, исто така, објави снимка на Твитер од операцијата.
„Нашата борба против тероризмот ќе продолжи ефективно и одлучно“, се додава во соопштението.
Терористичката организација ПКК често се крие во северен Ирак, веднаш преку јужната граница на Турција, каде планира терористички напади во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.
Во последните години Турција стана ѕвезда во подем во глобалната одбранбена и воздухопловна индустрија.
Турција има неколку компании и брендови како што се „Бајкар“ и ТАИ кои произведуваат летала користејќи главно домашни ресурси. Договорите за продажба на беспилотни летала потпишани се и со земји како што е Полска, членка на НАТО.