Meryem Göktaş
06 Јануари 2019•Ажурирај: 07 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Со напади на турските авиони, во рамките на антитерористичката операција во северен Ирак, неутрализирани се седум терористи, соопшти денес турската армија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во објава на Твитер, турскиот Генералштаб истакна дека вчера, со воздушните напади извршени во регионот на Авашин-Басјан, неутрализирани се терористи кои подготвувале напади врз турски бази.
Турските авиони уништија и засолништа и складишта на терористите за време на операцијата.
Воздушните напади во овој регион обично се насочени кон терористичката организација ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.