Erdoğan Çağatay Zontur
22 Септември 2019•Ажурирај: 23 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Турски воени авиони неутрализираа седум терористи на ПКК во нападите врз терористичките елементи во северен Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Воздушните напади во регионот на Хафтанин беа спроведени во координација со тековните антитерористички операции на Турција во северен Ирак“, се вели во соопштението на турското Министерство за одбрана.
Антитерористичките операции се поддржани од Турските вооружени сили (TSK), полицијата, жандармеријата и Националната разузнавачка служба (MIT).
Терористите на ПКК го користат северен Ирак за планирање прекугранични терористички напади во Турција.
На 27 мај, Турција ја започна операцијата „Канџа“ против ПКК, во регионот на Хакурк, во северен Ирак.
Во средината на јули и крајот на август, Турција исто така започна со операциите „Канџа-2“ и „Канџа-3“ во северен Ирак со истата цел.
Министерството соопшти дека во текот на изминатите четири месеци во северен Ирак се неутрализирани над 400 терористи на ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на 40.000 луѓе, вклучувајќи деца и жени.