Zehra Aydın Turapoğlu
25 Август 2021•Ажурирај: 26 Август 2021
АНКАРА (АА) - Најмалку девет припадници на терористичката организација ПКК/ЈПГ се неутрализирани во операции кои Турските вооружени сили (ТСК) ги извршија во северниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерство за одбрана соопшти дека турските специјални сили неутрализирале девет терористи на ПКК, од кои осум во зоната на операцијата „Извор на мирот“ и еден во зоната на операцијата „Штитот на Еуфрат“.
Додадено е дека турските сили одлучно ја продолжуваат борбата против тероризмот.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
Турските сили во текот на изминатите четири години изведоа неколку успешни антитерористички операции во северна Сирија, по должината на сириско-турската граница: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).