Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
08 Јуни 2021•Ажурирај: 09 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа уште двајца терористи на ПКК во северен Ирак, се соопштува од Министерството за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Терористите се неутрализирани во воздушна операција во регионот Гара.
„Операцијата е спроведена во соработка со турските вооружени сили и турската национална разузнавачка агенција“, се додава од Министерството.
Припадниците на терористичката организација ПКК се кријат во северен Ирак, близу до јужната граница на Турција, каде планираат терористички напади во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 45.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.