Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
11 Февруари 2021•Ажурирај: 11 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа најмалку двајца терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, се соопштува од турското Министерство за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Терористите се обиделе да се инфилтрираат во областа на прекуграничната антитерористичка офанзива на Турција, операцијата „Извор на мирот“, за да го нарушат мирот и безбедноста во регионот, соопшти Министерството преку Твитер.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.