Orhan Onur Gemici
28 Март 2020•Ажурирај: 28 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека 8 терористи на ПКК, откриени во регионот Метина во северен Ирак, се неутрализирани во воздушни операции, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството на својот профил на Твитер истакна дека осуммте терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК биле идентификувани во подрачјето на Метина во северен Ирак.
Терористите се неутрализирани со воздушна операција спроведена во регионот, а Министерството нагласи дека операциите во регионот продолжуваат.
Терористите на ПКК бараат засолниште во северен Ирак, веднаш преку турската граница, со цел да планираат терористички напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои деца и жени.