Ömer Olcay
04 Февруари 2021•Ажурирај: 05 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани 5 терористи на ПКК/ЈПГ кои отвориле вознемирувачки оган обидувајќи се да се инфилтрираат во регионите на операциите „Извор на мирот“ и „Штитот на Еуфрат“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Министерството, 5 терористи на ПКК/ЈПГ отвориле вознемирувачки оган со цел да се инфилтрираат во подрачјето на со цел да ја нарушат атмосферата на мир и безбедност.
Терористите, како што се наведува во соопштението, се неутрализирани од страна на командосите.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.