Cankut Taşdan
21 Август 2023•Ажурирај: 24 Август 2023
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа тројца терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ во зоната каде што беше реализирана операцијата „Штитот на Еуфрат“ во северниот дел на Сирија, пренесува Анадолу.
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Туркије.
Во соопштението се вели дека напорите на терористите за напад не се оставени без одговор.
„Преку успешна операција се неутрализирани тројца терористи на ПКК/ЈПГ, кои биле во подготовка за напад во зоната каде што беше реализирана операцијата 'Штитот на Еуфрат' во северниот дел на Сирија“, се додава во ова соопштение.