Jeyhun Aliyev
07 Април 2022•Ажурирај: 08 Април 2022
АНКАРА (АА) – Турската војска неутрализира тројца терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турските сили таргетираа двајца од терористите при обид да ја нападнат зоната на операцијата „Извор на мирот“ и уште еден кој отвори вознемирувачки оган врз подрачјето на операцијата „Маслинова гранка“, објави Министерството преку Твитер.
„Ќе продолжиме силно да реагираме на обидите за терористички напади“, се додава во соопштението.
Турските сили во текот на изминатите четири години изведоа неколку успешни антитерористички операции во северна Сирија, по должината на сириско-турската граница: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.