Sezgin Pancar
22 Мај 2021•Ажурирај: 23 Мај 2021
МЕРСИН (АА) - Десет лица, осомничени за поврзаност со терористичката организација ПКК/КЏК, се уапсени во јужна Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Командата на жандармеријата на турската област Мерсин соопшти дека осомничените, кои дејствувале во корист на терористичката организација, се приведени во операцијата, откако се откриени нивните локации во главниот град на турската област Мерсин и неговите дистрикти.
Во операцијата запленет е дигитален материјал, а приведените се однесени во обласната жандармерија на сослушување.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.