Oğuzhan Demiray
28 Јуни 2021•Ажурирај: 29 Јуни 2021
АКСАРАЈ (АА) - Полицијата во Турција приведе уште 12 лица кои се сомничат за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Апсењата се случија откако обвинителите во турската централна област Аксарај издадоа налози за приведување на 15 осомничени лица, како дел од истрагата во структурата за обука на терористичката организација.
„Осомничените се приведени во Аксарај, Коња и во главниот град Анкара“, истакнаа извори кои говореа под услов на анонимност.
Напорите за фаќање на останатите тројца осомничени се во тек.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а беа повредени 2.734 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.