Ömer Tuğrul Çam
27 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
АНКАРА
Заменик-министерот за надворешни работи на Република Турција, Јавуз Селим Киран, соопшти дека за време на пандемијата на новиот тип коронавирус во осум земји починале 50 турски државјани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Киран по обраќањето на отворањето на Центарот за поддршка и координација во борбата против Ковид-19 на Министерството за надворешни работи, одговораше на прашањата на новинарите.
Меѓу останатото, запрашан е колку турски државјани во странство починале од последиците на заразата.
„За жал, бројот расте. Според досегашните податоци, изгубивме 50 наши граѓани во осум земји. Исто така имаме и наши граѓани во другите земји, кои се заразени. Позитивни се тестовите на 151 граѓанин. Ја следиме и нивната состојба“, изјави Киран.
Тој додаде дека министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, лично настојува да им помогне на граѓаните на кои помошта им е неопходна и да го следи и процесот на транспорт и закопувањето на телата на починатите.