Mehmet Tosun
27 Ноември 2019•Ажурирај: 28 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во операциите „Канџа“, до денеска неутрализирани се 170 терористи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за национална одбрана одржа прес-конференција во врска со реализираните операции.
На прес-конференцијата, Надиде Шебнем Актоп, раководителка на Oдделот за односи со јавноста, истакна дека Турските вооружени сили (ТСК) се борат против сите закани, на чело со терористичките организации ФЕТО, ПКК/КЏК/ЈПГ и ДЕАШ кои ја загрозуваат безбедноста и територијалниот интегритет на татковината.
Актоп, соопштувајќи информации за операцијата „Канџа“, рече: „Во операциите „Канџа“, до денеска неутрализирани се 170 терористи. Идентификувани и уништени се 350 мини и рачно изработени експлозиви. Нашите операции продолжуваат со преземање на соодветни мерки во согласност со зимските услови.“
Во овој контекст, Актоп, потсети дека во координација со операциите „Канџа 1“ и „Канџа- 2“, командосите на Турските вооружени сили (ТСК), на 25 ноември во регионот Хакурк започнале операција против терористите, рече дека со воздушни операции идентификувани и неутрализирани се 7 терористи.
„Еден од најзабележителните аспекти на операцијата е тоа што е откриена пештера за производство на рачно изработени експлозиви. Во пештерата запленети се 400 килограми амониум нитрат и голем број рачно изработени експлозиви. Исто така, во другите пештери и магацини запленети се една ракета „Катјуша“, снајперска пушка „Загрос“, 9 митралези „Бикси“, 2 ракетни фрлачи РПГ-7, 17 пешадиски пушки АК-47, една пешадиска пушка М-16 и 7 рачни бомби. Исто така, пронајден е парамотор што терористичката организација го користи за напади“, истакна Актоп.
- „Операцијата во Хакурк продолжува“ -
Истакнувајќи дека за време на операцијата откриена е една голема пештера за стоматолошки третман и медицинска поддршка, Актоп рече дека во пештерата се пронајдени голем број генератори, камера, телевизор, фотоапарат, радио, акумулатори и соларни панели.
Актоп наведе дека впо рамките на операциите во регионот Хакурк запленети се значајни логистички објекти на терористичката организација. „Нашите операции ќе продолжат со голема решеност сѐ додека не биде неутрализиран и последниот терорист. “
Воените извори истакнуваат дека операцијата е започната бидејќи е оценето дека во зимски услови можен е напад од Хакурк.
Изворите пренесуваат дека операцијата сѐ уште продолжува, а за тоа дали ќе продолжи операцијата или не, ќе се одлучи дополнително, имајќи ги предвид условите и сосотојбата на теренот.
Според изворите, запленетиот парамотор може да се користи за напади со пилотни или беспилотни летала ноќе во зимски услови. Терористите имале обука за тоа.