Enes Kaplan
05 Април 2018•Ажурирај: 06 Април 2018
АНКАРА (АА) - Турското Претседателство, кое на социјалната мрежа „Twitter“ (Твитер) објавува на четири светски јазици, за околу десет милиони следбеници започна со објави и на руски јазик по церемонијата на поставување камен-темелник на првата нуклеарна централа на Турција, Аккују, јавува Anadolu Agency (AA).
На „Twitter“, турското Претседателство, кое продолжува со објавување на турски, англиски, арапски и француски јазик, е вклучен и рускиот јазик со церемонијата на поставување камен-темелник на нуклеарната централа „Аккују“, којa се одржа на 3 април со учество на претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин.
Од Twitter сметката на Претседателството „@tcbestepe_ru“, беше емитувана во живо официјалната церемонија за пречек на рускиот претседател Путин од страна на турскиот претседател Ердоган, потоа церемонијата на поставување камен-темелник на нуклеарната централа „Аккују“ во Мерсин, како и заедничката прес-конференција на Ердоган и Путин.
Емитувањата во живо на руски јазик во првиот ден беа следени од 70.000 лица, додека објавите на руски јазик околу програмите во текот на денот достигнаа до 700.000 лица.
Со рускиот јазик, турското Претседателство го зголеми бројот на јазици на објавување на Twitter на пет, додека продолжуваат подготовките за објави и на други јазици.