Selman Tür
06 Август 2018•Ажурирај: 07 Август 2018
БАТМАН (AA) – Амамот од 13 век во дистриктот Хасанкејф, во турската област Батман, тежок 1.500 тони ќе биде преместен на нова локација за да се заштити од поплавите по формирање нова брана.
Преместувањето на амамот од периодот на Артукидите започна рано во понеделник, а ќе биде сместен на место оддалечено три километри од првобитната локација.

Гувернерот на Батман, Ахмет Дениз, за Anadolu Agency (AA) изјави дека уште шест споменици ќе бидат преместени.
„Хасанкејф ќе го заштити својот историски идентитет“, додаде Дениз.
Директорот на Управата за водоводни работи, Мурат Ачу, потсети дека на 12 мај 2017 година е преместено турбето на Зејнел Беја, старо 540 години.
Потсети дека турбето што е преместено е тешко 1.200 тони, додека амамот е тежок 1.500 тони.