Ilkay Guder
22 Јануари 2016•Ажурирај: 23 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Во рамки на анти-терористичките акции кои припадниците на безбедносните сили продолжуваат да ги изведуваат во источна и југоисточна Турција, вчера беа неутрализирани 26 а уапсени се двајца членови на терористичката организација ПКК, соопштија од Генералштабот на Турција, јавува Anadolu Agency (АА).
Според соопштението, во градот Чизре во провинцијата Ширнак, неутрализирани се 21 терорист, во Сур во областа Дијарбакир, која се наоѓа во југоисточниот дел на Турција, неутрализирани се четворица терористи, а во провинцијата Ван, во источниот дел на земјата, еден терорист. Двајца членови на терористичката организација ПКК се уапсени во Хакари, во југоисточниот дел.
Вклучувајќи ги и најновите податоци за убиените терористи , од почетокот на акцијата во Чизре се убиени 412, а во Сур 112 терористи.
Покрај тоа, во близина на турско-сириската граница, приведени се десетина лица за кои се сомнева дека се членови на терористичката организација ДАЕШ. Заедно со нив, имало 14 деца.