Ali Ballı
18 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
МУГЛА (АА) - Во Бодрум, Турција, екипите на крајбрежната стража фатија 42 мигранти и сопственикот на чамецот, кои нелегално се обидоа да се префрлат на грчкиот остров Кос, јавува Anadolu Agency (AA).
Граѓаните во утринските часови јавија дека виделе мигранти како се качуваат на гумен чамец, на што екипите на крајбрежната стража и припадниците на безбедносните сили веднаш реагираа.
Мигрантите, меѓу кои се наоѓаат и жени и деца, но и Н.Б, кој давал упатства како илегално да преминат во Грција, фатени се кратко откако запловиле во Егејското Море.