Ömer Faruk Cebeci,Emre Ayvaz,İbrahim Yozoğlu,Salih Yalçıntaş,Onur Orhan
09 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
САКАРЈА
Најмалку две лица загинаа, а шест се повредени во експлозија која се случи на каменолом во турската област Сакарја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на Сакарја, Четин Октај Калдирим, соопшти дека експлозијата се случила кога камионот доставил отпад од пиротехничката фабрика за кој претходно е најавено дека ќе биде уништен во контролирани услови во каменоломот.
„Во експлозијата загинаа тројца војници, а повредени се шест лица“, соопшти Калдирим, и додаде дека на местото на експлозијата пристигнале сите надлежни служби.
Експлозијата се случи на ридска периферија во подрачјето Адапазар и тоа при транспорт на отпад од пиротехничката фабрика во која на 3 јули се случи експлозија во која загинаа шест, исчезна едно, а повредени се повеќе од стотици лица.