Eşber Ayaydın
19 Мај 2019•Ажурирај: 20 Мај 2019
ИЗМИР (АА) - Во Измир, Турција, фатени се 78 непријавени мигранти кои се обиделе по илегален пат да ја напуштат земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Патролата на крајбрежната стража во морскиот простор Сеферихисар забележала чамец во кој се наоѓале 54 мигранти, кои потоа се пренесени на копно.
Исто така, во подрачјето Селџук е забележана група од 24 мигранти, меѓу кои се наоѓале жени и деца.
Мигрантите се предадени на Дирекцијата за управување со миграции во Измир за да бидат процесуирани.