Hasan Hüseyin Kulaoğlu
20 Август 2021•Ажурирај: 21 Август 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Повеќе од 435 илегални мигранти се задржани вчера во 16 подрачја на Истанбул, објави денеска преку Твитер гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведе тој, задржани се 436 нелегални мигранти, меѓу кои и 170 Авганистанци.
„Тие беа предадени на локалната канцеларија за миграција за постапки за депортација“, додаде Али Јерликаја.
Турција е клучна транзитна точка за барателите на азил кои сакаат да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено за оние што бегаат од војна и прогон.
Турција, која прими околу 4 милиони бегалци - повеќе од која било друга земја во светот - презема нови безбедносни мерки во земјата и на нејзините граници за да спречи нов прилив на мигранти.