Handan Kazancı
03 Јануари 2019•Ажурирај: 03 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку 7 лица се уапсени во централна Турција, поради наводи дека се припадници на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Апсењата се случија како дел од истрагата спроведена од Канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара, која издаде налози за апсење на 16 осомничени лица за кои постојат наводи дека ја користеле апликацијата за кодирани пораки на ФЕТО, „БајЛок““, изјави извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Осомничените се уапсени во Анкара и во централната област Чанкири.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.