Serdar Açıl,Barış Kılıç
29 Септември 2016•Ажурирај: 30 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Обвинителството во Анкара, во рамките на истрагата за случајот на нерегуларност на јавниот испит за прием на државните службеници на Турција (КПСС), спроведен во 2010 година, донесе одлука за приведување на 37 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Акциите на подрачјето на неколку града, меѓу кои и Анкара, ги започна Канцеларијата за истражување на злосторства против уставниот поредок.
Приведени се одредени осомничени лица на кои се однесува спомената одлука.
Да се потсетиме, со стапувањето на сила на одлуката на Владата на Турција донесена во август, суспендирани се и поништени именувањата на службениците кои на незаконски начин дошле до прашањата или одговорите од испитот.
Според тогашната одлука, именувањата на службениците што се вршени според резултатите на испитот КПСС од 10 и 11 јули 2010 година остануваат на сила, освен во делот на оние лица кои на незаконски начин дошле до прашањата или одговорите од споменатото тестирање.