Özcan Yıldırım
21 Април 2021•Ажурирај: 22 Април 2021
АНКАРА (АА) - Со одлуката на Канцеларијата на претседателот на Република Турција, во Кабинетот на таа земја се извршени неколку промени, вклучувајќи го основањето на две нови министерства и замена на министрите во Министерството за трговија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Службениот весник на Република Турција е објавена одлуката за формирање на Министерството за семејство и социјални услуги и формирање на Министерството за труд и социјална безбедност.
Досега со тие ресурси во Кабинетот на Турција раководеше Министерството за семејство, труд и социјални услуги, на чие чело беше министерката Зехра Зумрут Селчук.
На чело на Министерството за семејство и социјални услуги на Турција е именувана Дерја Јаник, а под покровителство на тоа министерство се формирани Генерална дирекција за семејни и социјални услуги, Генерална дирекција за пружање услуги на деца, Генерална дирекција за статус на жени, Генерална дирекција за пружање услуги на постарите лица и на лицата со попреченост, Генерална дирекција за семејствата на шехидите и борците, Генерална дирекција за социјална помош, Генерална дирекција за правни услуги, Генерална дирекција за човекови ресурси, Генерална дирекција за технолошки информации, Дирекција за инспекциски работи, Дирекција за развој на стратегии, Дирекција за Европската Унија и надворешни работи, Дирекција за образование и публикации, Дирекција за услуги на поддршка, Канцеларија за односи со јавноста и Канцеларија на шефот на Кабинетот.
На функцијата министер за труд и социјална безбедност на Турција е именуван Ведат Билгин, а во рамките на тоа министерство се основани Генерална дирекција за труд, Генерална дирекција за заштита и безбедност на трудот, Генерална дирекција за меѓународна работна сила, Генерална дирекција за надворешна соработка, Генерална дирекција за правни услуги, Генерална дирекција за човекови ресурси, Генерална дирекција за технолошки информации, Дирекција за инспекциски работи, Дирекција за развој на стратегии, Дирекција за Европска Унија и финансиска помош, Дирекција за човекови ресурси, Дирекција за услуги на поддршка, Канцеларија за односи со јавноста и Канцеларија на шефот на Кабинетот.
Во истиот број на Службениот весник е објавена и одлука која ја потпиша турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а со која од должност е разрешена министерката за трговија на Турција, Рухсар Пекџан и на таа функција е именуван Мехмет Муш.