Tutku Şenen
02 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
ЕРЗУРУМ (АА) - Во текот на ноември беа неутрализирани повеќе од 300 терористи на ПКК во безбедносните операции во и надвор од Турција, велат воените податоци до кои дојде Anadolu Agency (AA).
Во операциите изведени од 1 до 30 ноември беа неутрализирани вкупно 317 терористи – 275 беа убиени, 23 заробени, а 19 им се предадени на властите.
Во истиот период загинаа 14 припадници на безбедносните сили и 18 цивили, а повеќе од 100 лица беа повредени. Според податоците за ноември, уапсени се 560 осомничени терористи на ПКК, од кои 367 се во притвор.
Покрај тоа, откриен е тунел долг 400 метри помеѓу сириската провинција Камишли и пограничниот град Нусајбин во југоисточната провинција Мардин. Извор од безбедносните сили изјави дека тунелот во кој е пронајден експлозив е изграден за да служи за пренос на материјали меѓу терористичките организации ПКК / КЦК и ПИД.
ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија, а во јули минатата година ја продолжи својата оружена кампања против турската држава.
Оттогаш загинаа повеќе од 300 цивили и околу 800 припадници на безбедносните сили, а околу 8.000 терористи на ПКК загинаа или беа заробени.