Uğur İslamoğlu,Halil Demir
11 Ноември 2021•Ажурирај: 12 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ
Во операцијата против терористичките организации ДЕАШ и Ал Каеда, организирана во Истанбул, Турција, приведени се девет лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Екипите за борба против тероризмот во Истанбул реализираа операција за да ги фатат лицата за кои е утврдено дека биле активни на боиштата, а биле поврзани и со ДЕАШ и Ал Каеда.
Утринава претресите се извршени на 16 адреси во 11 подрачја. Приведени се девет странци.
Во тек е процесуирањето на осомничените.