АНКАРА
Режимот на Башар ал Асад, поддржан од Русија и Иран, на напорите на Турција за ставање крај на граѓанската војна и хуманитарната криза во Сирија и мерките за заштита на безбедноста на границата, одговара со агресивни акции, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турција продолжува со своите напори за продолжување на процесот Астана, кој го започна со Русија и Иран во 2016 година, за да се стави крај на 9-годишната граѓанска војна во Сирија.
Примирјето што стапи во сила на 30 декември 2016 година, режимот на Асад и терористичките групи командувани од Иран го прекршуваа интензивно.
Во главниот град на Казахстан, Нурсултан, на 23-24 јануари 2017 година под раководство на Турција и Русија беше договорено да се имплементира прекин на огнот. Но, режимот и неговите приврзаници ги продолжија своите напади. Анкара постојано ги предупредуваше администрациите на Москва и Техеран.
На состанокот во Астана кој се одржа на 4-5 мај 2017 година на којшто учествуваа Турција, Русија и Иран, формирани се четири деескалациски зони во Идлиб, околните области (Латакија, Хама и Алепо), северното подрачје на Хомс, подрачјето на Источна Гута во главниот град Дамаск и подрачјата во јужниот дел на земјата (Дера и Кунејтра).
Но режимот и терористите поддржани од Иран, и покрај одлуката за прекин на огнот, благодарение на руската поддршка од воздух, од четирите зони, освен Идлиб, ги зазедоа сите територии. Бегајќи од нападите, стотици илјади цивили мигрираа кон северниот дел од земјата, во подрачјата што се наоѓаат во близина на турската граница.
По предлог на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на трилатералниот Самит одржан во Техеран на 7 септември 2018 година, Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин се согласија за серија дополнителни мерки за заштита на прекинот на огнот во Идлиб, договорен во Сочи на 17 септември.
Како резултат на договорот, во првите линии е основана зона за разоружување. На 10 октомври 2018 година, опозицијата од таа област го повлече тешкото оружје.
По Договорот од Сочи, нападите на режимот и на Русија врз Идлиб еден период беа прекинати. Околу 80 илјади цивили кои претходно ги напуштија своите домови се вратија во регионот.
Сепак, по краток период режимот и странските терористички групи поддржани од Иран повторно почнаа да ги напаѓаат цивилните населби каде што немаше никакви вооружени групи.
Напорите да се премине на работата на комисијата за повторно пишување на сирискиот Устав исто така беа блокирани од режимот на Башар ал Асад и неговите приврзаници.
Населението во Идлиб, кое режимот на Асад го смета за негова опозиција, со помош на Русија и Иран го раселува од областа.
Населението на Идлиб, кое достигна 4 милиони како резултат на внатрешната миграција од други региони, полека почна да се преселува во северниот дел на областа. Интензивните воздушни бомбардирања на руската армија и нападите на режимот и терористичките групи поддржани од Иран го принудуваат населението да се расели во областите во близина на границата со Турција.
По Договорот во Сочи за време на 1,5 година, 1 милион и 637 илјади цивили имигрираа во близина на границата со Турција. Во бомбашки напади загинаа повеќе од 1.800 цивили.
Од датумот на прекинот на огнот во договорите од Астана во 2016 година, се проценува дека бројот на раселени лица од деескалациските зони во Сирија ја надмина бројката од 2 милиони.
Останувањето на населението во деескалациската зона во Идлиб, зависи од запирањето на нападите на режимските сили кои напредуваат од копно. Турција, поради тоа по должината на автопатите М4 и М5 формира воена линија, со тоа што во зоната ја приклучува и областа Серакиб.
Таа линија ќе осигура населението кое се обидува да бега, да остане на своите места.
Турските вооружени сили во регионот испратија оклопни возила, особено за време на викендот.
Режимските сили при испораката на оклопните возила нападнаа воена точка, каде што 6 турски војници ги загубија своите животи.
Турција не се воздржа од употреба на воена сила за ослободување на окупираните територии на Сирија од страна на терористичките организации ДЕАШ и ЈПГ/ПКК.
Турција, со операциите „Штитот на Еуфрат“, „Маслинова гранка“ и „Извор на мирот“ од 2016 година ги ослободи териториите освоени од страна на ЈПГ/ПКК со поддршката на САД. Тие операции беа значајни во однос на повторното враќање на територијалниот интегритет на земјата. Русија во значајна мера ги поддржа операциите на Турција.
Иран, кој има криза со САД за Договорот за нуклеарната програма и е изложен на зголемен притисок од страна на администрацијата на САД, и покрај поддршката што ја добива од Турција на меѓународната сцена, во Сирија реализира деструктивна политика.
Иран му обезбедува безусловна воена и политичка поддршка на Асад уште од 2011 година, со цел да не го изгуби својот традиционален сојузник во сириската граѓанска војна, а илјадници терористи што ги поддржува се борат во Идлиб.
Иран, кој испрати голем број припадници на милицијата во Авганистан и Пакистан, ги организираше во терористички групи, кои се вклучија во брутални дејства против цивилите.
Во моментов, во Идлиб, под командата на армијата на Иранската револуционерна гарда има илјадници терористи.
Одвреме-навреме, иранските сили, заедно со режимот, ги напаѓаат точките каде што се наоѓаат турските вооружени сили.
Русија, и покрај тоа што е гарант земја која ќе го контролира режимот во договорите од Астана, дава активна поддршка на нападите на режимот.
Напредувањето на армијата на режимот и иранските групи можна е само со воздушната поддршка на Русија.
Претседателот на Турција, Ердоган, на прес-конференцијата пред заминувањето за Киев, главниот град на Украина, истакна дека Турција, на нападите на режимот на Асад возврати на ист начин и ќе продолжи да возвраќа.
„Ние сме одлучни да ги продолжиме операциите кои се водат за безбедноста на нашата земја, нашиот народ и браќата од Илдиб. Оние што со ваквите подмолни напади ја тестираат одлучноста на Турција, ќе разберат дека прават голема грешка“, рече Ердоган.
news_share_descriptionsubscription_contact
