Zeynep Özbay
18 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Генералштабот на турската армијата соопшти дека терористи со далечински управувач активирале експлозив во момент кога воено оклопно возило се движело по патот Шемдинли-Актутун. Од експлозијата загинаа четворица војници, а деветмина се повредени, од кои четворица потешко, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската армија на својата интернет страница соопшти дека членови на терористичка организација со далечински управувач ја активирале рачно изработената бомба во момент кога воено оклопно возило, кое било задолжено за обезбедување на конвој, се движело по патот Шемдинли-Актутун.
Во експлозијата загинaа четворица војници, а деветмина се повредени, од кои четворица се во тешка состојба. Повредените се хоспитализирани.