Halil İbrahim Sincar
23 Април 2016•Ажурирај: 24 Април 2016
МАРДИН (АА) - Најмалку 12 полицајци и еден цивил беа повредени откако експлозивна направа беше активирана помеѓу областите на Мардин и Дијарбакир, во југоисточна Турција, од страна на членовите на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу повредените полицајци се наоѓаат и двајца кои се во смртна опасност. Експлозивната направа, поставена на патот во близина на местото Мазидаги беше активирана во моментот кога на таа делница поминуваше возило со припадници на безбедносните сили.
Повредени полицајци, по укажаната медицинска помош во државна болница, беше транспортирани до воената болница во Дијарбекир.
Сообраќајот на делот каде што се случила експлозијата се одвива во една лента. Експлозијата предизвика материјална штета на два приватни автомобили.
Повредените полицајци по завршување на задачата во областа Нусајбин се враќале назад во Дијарбакир.