Gökhan Ergöçün
01 Март 2018•Ажурирај: 02 Март 2018
АНКАРА (АА) - Извозот на Република Турција во февруари оваа година во однос на истиот период минатата година се зголеми за 14,8 отсто и изнесуваше 12,9 милијарди американски долари, соопшти Собранието на извозници од Турција (TIM), пренесува Anadolu Agency (AA).
Ова е најголем извоз во февруари некогаш забележан во Турција, наведуваат од Собранието на извозници.
Турскиот извоз од почетокот на годината е зголемен за 12,8 отсто во однос на истиот период 2017 година и изнесуваше 25,3 милијарди долари.
Извозот во земјата во последните 12 месеци изнесуваше 159,03 милијарди долари, што е пораст од 11,1 отсто во однос на годината претходно.