Havva Kara Aydın
11 Февруари 2020•Ажурирај: 12 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Турција ја започна антитерористичката операција „Капан-6 Зори“, за елиминирање на терористите во југоисточниот дел на земјата, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Капан-6 Зори“ е продолжение на сличните операции во регионот што ги започнаа турските сили за да ги неутрализираат терористите за кои се смета дека се кријат во турските области Батман и Дијарбакир, се наведува во соопштението на Министерството.
Во операцијата учествуваат 1.440 припадници на безбедносните сили составени од жандармеријата, полицијата и руралните намесници, како и 95 припадници на специјалните единици.

Зајакнувајќи ја борбата против терористите, Турција минатиот месец ја започна операцијата „Капан“ заради елиминирање на терористите во југоисточната област Мардин, откако во регионот ја заврши операцијата „Киран“ насочена против терористите на ЈПГ/ПКК.
Во август минатата година Турција ја започна операцијата „Киран“ во југоисточниот дел на земјата, во областите Ван, Хакќари и Ширнак, по што следуваа уште десет продолженија на операцијата.
Во терористичката кампања против турската држава, што трае подолго од 30 години, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на 40.000 лица, вклучувајќи жени, деца и новороденчиња. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.