Yeşim Sert Karaaslan
31 Јули 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
АНКАРА (АА) - Воено-медицинската академија Ѓулхане (ГАТА) и сите болници во земјата ќе бидат во надлежност на Министерството за здравство, јавува Anadolu Agency (AA). Во рамките на вонредната состојба во Турција, денес беа објавени мерките преземени од страна на владините одлуки.
Меѓу одлуките објавени во Службен весник се формирањето на Националниот универзитет за одбрана и промената на некои закони со кои се предвидува ГАТА и воените болници да бидат под надлежност на Министерството за здравство.