Esra Tekin
14 Мај 2026•Ажурирај: 14 Мај 2026
Турција денес го осуди упадот во џамијата Ал-Акса, предводен од израелски министер придружуван од група израелски доселеници, јавува Анадолу.
„Го осудуваме упадот во џамијата Ал-Акса извршен од страна на израелски министер во придружба на група доселеници“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на земјата.
Во соопштението се предупредува дека провокативните активности со кои се крши историскиот и правниот статус на џамијата Ал-Акса, свето место за муслиманите, претставуваат ризик за дополнително продлабочување на тензиите и нестабилноста во регионот.
Министерството упати апел до меѓународната заедница да ги исполни своите одговорности за заштита на легитимните права на палестинскиот народ и да ги запре израелските престапи насочени кон окупираниот Источен Ерусалим и неговите свети места.