Fahri Aksüt
15 Јуни 2020•Ажурирај: 16 Јуни 2020
МАРДИН
Двајца осомничени се приведени во операција на турските сили поради наводи за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА)
Осомничените се фатени од страна на турските безбедносни сили во југоисточната област Мардин, велат извори, кои зборуваа под услов да останат анонимни.
Турција е една од првите земји која во 2013 година ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Земјата беше нападната од терористите на ДЕАШ повеќепати, вклучувајќи 10 бомбашки напади, седум бомбардирања и четири вооружени напади во кои загинаа 315 лица, а на стотици беа повредени.
Како одговор на тоа, Турција покрена воени и полициски операции во земјата и надвор, со цел да ги спречи понатамошни терористички напади.