Zehra Ulucak
26 Јануари 2017•Ажурирај: 27 Јануари 2017
АНКАРА (АА) – Турција стана најдобра избор за одмор, јавува Anadolu Agency (AA).
Според индексот Вокс за одмор (The Vox Vacation Index), Турција е на првото место во светот според изборот на дестинација за одмор со 17,3%, по неа следи Британија со 11,7, а трета земја е Мексико со 10,6%.
Индексот е подготвен според девизниот курс и стапката на инфлација во државите, а според тоа, најевтини држави за одмор по редослед се Турција, Британија, Мексико, Кина и Коста Рика. Поради растот на инфлацијата и губењето на вредноста на странската валута наспроти домашната, на листата од 48 држави, Русија се наоѓа на последното место со -28,4%.
На 44. Место, со -17,6% е Колумбија, на 45. со -18% е Аргентина, на 46. со -24,6% е Јужна Африка, а на 47. место со -26,9% е Бразил.
На листата за најпогодни дестинации за одмор, Индија е на 29. место, Тајланд на 32., додека Јужна Кореја се наоѓа на 35. место.