Mehmet Tosun,Duygu Yener
08 Јули 2018•Ажурирај: 09 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Подсекретарот во министерството за здравство на Турција, Ејуп Ѓумуш соопшти дека според првичните информации, во железничката несреќа што се случи во селото Сарилар во областа Текирдаг животот го загубиле 10 лица, а 73 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Ѓумуш за АА изјави дека во тек е префрлувањето на повредените во болниците во Истанбул и во Текирдаг по воздушен и земјен пат.
Ѓумуш информирајќи дека на местотот на несреќата се испратени повеќе од 100 возила на брзата помош, додаде: „Според првичните информации, во несреќата животот го загубија 10 лица, а 73 се повредени.“
Министерство за транспорт, поморство и комуникации на Турција издаде соопштение во кое се вели дека возот број 12703 со шест вагони, 362 патници и 6 членови на екипажот, кој се обраќал на релацијата Узунќопру-Халкали, се превртел во 17:00 часот по локално време на делот од трасата Балабанли-Чорлу. Во несреќата се превртеле 5 вагони од возот.