Eda Özdener
29 Август 2019•Ажурирај: 01 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Бројката на странски посетители, кои во јули оваа година ја посетија Турција, е зголемена за 16,67 отсто во споредба со истиот месец минатата година, додека од почетокот на годината Турција ја посетиле вкупно 24 милиони 693 илјади и 886 странски посетители, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за култура и туризам на Турција ги објави туристичките статистики за периодот јануари - јули 2019 година.
Според податоците, во овој период околу 25 милиони странски посетители ја посетиле Турција, од кои повеќето се од Русија и Германија.
Бројката на странски посетители, кои во јули оваа година ја посетија Турција, е зголемена за 16,67 отсто во споредба со истиот месец минатата година, односно во јули 2019 година Турција ја посетиле 6 милиони 617 илјади и 380 странски посетители.
Бројката на странци, кои во првите седум месеци ја посетиле Турција, е зголемена за 14,11 отсто во споредба со истиот период минатата година, односно Турција била посетена од вкупно 24 милиони 693 илјади и 886 странци.
Русија се наоѓа на чело на земјите од каде што во јули дошле најмногу странци во Турција, односно 1 милион 43 илјади и 40 државјани на Русија во јули ја посетиле Турција, по што следуваат Германија, Велика Британија, Холандија и Украина.
Во периодот јануари - јули 2019 година, Турција била најмногу посетена од руските државјани. По Русија следуваат Германија, Бугарија, Велика Британија и Иран. Односно од почетокот на годината Турција била посетена од 3 милиони 752 илјади и 437 руски државјани, 2 милиони 670 илјади и 672 германски државјани и 1 милион 444 илјади и 789 бугарски државјани.