Sena Güler
08 Септември 2019•Ажурирај: 10 Септември 2019
ДИЈАРБАКИР (АА) - Семејство, едно од многуте кои протестираат пред седиштето на опозициска политичка партија во југоисточниот дел на Турција за да ги спасат своите деца од рацете на терористичката организација ПКК, тврдат дека им се заканувале тројца припадници на младинскиот огранок на партијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Голем број семејства учествуваат во протестите, откако мајката Февзије Четинкаја организираше протест по повод тврдењата дека нејзиниот 17-годишен син се придружил во редовите на терористичката организација преку членови на Демократската народна партија (HDP), која долго време се товари дека е поврзана со терористичката организација ПКК.
Таткото Мустафа Бичер вели дека им се заканувале три лица со пиштол, кои тврделе дека се од младинскиот огранок на ХДП во подрачјето Баглар.
„Тие ни се закануваа за да ставиме крај на протестите пред седиштето на ХДП“, изјави Биџер, додавајќи дека им се заканувале со смрт доколку продолжат со протестите.
Биџер нагласи дека нема да се повлечат, и додаде: „Ги сакаме нашите деца назад.“
Тој изјави дека членовите на младинскиот огранок биле исто така измамени и ги повика да се разбудат во реалноста.
„Овие закани се под наредба на членови на ХДП. Тие ги користат нашите деца против нас“, изјави тој.
Биџер изјави дека напорите за фаќање на поединците се во тек, откако безбедносните сили биле информирани во врска со инцидентот.
Првиот таков протест пред седиштето на ХДП во Дијарбакир на 22 август го одржа Хаџире Акар, чиј син, Мехмед Акар, исчезнал.
Тридневниот протест вроди со плод и Мехмед е вратен дома, а примерот на мајката Хаџире го следат и другите мајки кои не сакаат децата да им бидат жртви на тероризмот.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.