Barış Gündoğan
23 Февруари 2022•Ажурирај: 24 Февруари 2022
АНКАРА (АА) ‒ Турските безбедносни сили започнаа нова антитерористичка операција во југоисточната област Елазиг, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупно 870 припадници на безбедносните сили ќе учествуваат во операцијата, наречена ‘Ерен зима ‒ 26’ “, изјави потполковник Алим Јилмаз во писменото соопштение на Министерството.
„Операцијата е дел од тековните напори за неутрализирање на терористите со тактиката „пребарувај-најди-уништи“ и зајакнување на мирот и безбедносното опкружување во регионот со спречување на нивните подготовки за напад“, се вели во соопштението.

„Операцијата, чија цел е целосно елиминирање на тероризмот во земјата, ќе продолжи одлучно со поддршка на граѓаните“, се додава во соопштението.
Турција ги покрена операциите „Ерен“ минатата година и ги именуваше по Ерен Булбул, 15-годишно момче убиено од терористичката група ПКК на 11 август 2017 година.
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.