Mücahithan Avcıoğlu
13 Август 2026•Ажурирано: 13 Август 2026
Турција и Бугарија разговараа за чекори за зајакнување на билатералните транспортни врски и зголемување на железничкиот капацитет во услови на растечки товарен сообраќај, соопшти турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу, јавува Анадолу.
Уралоглу во бугарскиот главен град Софија се сретна со бугарскиот министер за транспорт и комуникации Георги Пеев и неговата делегација.
Разговорите беа насочени кон развој на меѓународната транспортна инфраструктура, со цел да се одговори на зголемениот железнички сообраќај во рамките на проектот „Развоен пат“, напиша Уралоглу на турската платформа за социјални медиуми NSocial.
Двете страни ги разгледаа и плановите за втора железничка врска и претворање на делови од железничката линија Пловдив-Свиленград-граница со Турција во инфраструктура со два колосека.
Уралоглу истакна дека Турција ќе продолжи да работи на тоа посилните транспортни врски меѓу двете земји дополнително да придонесат за трговијата и транспортот меѓу Европа и Азија.