Merve Aydoğan
13 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
БРИСЕЛ (АА) - Делегацијата на Европската унија се очекува овој месец да ја посети Анкара за да дискутираат во врска со безвизниот режим за патување на турските граѓани и да ги пренесе мислењата на Брисел во врска со техничките прашања за преостанатите критериуми, јавува Anadolu Agency (AA).
Преговорите меѓу Турција и ЕУ се забрзаа откако Анкара на Европската комисија во февруари ги поднесе потребните документи за безвизниот режим на патување на турските граѓани во Шенген зоната.
Официјалните претставници на ЕК го разгледаа документот за останатите седум критериуми од вкупни 72 кои беа одредени од страна на Брисел.
Во рамките на тој документ, Европската комисија планира да испрати делегација во април.
Делегацијата на ЕУ се очекува да се фокусира на турското законодавство за борба против тероризмот, договорот со Европската полициска служба (Европол) и прописите за заштита на личните податоци.
Другите точки на интерес, се однесуваат на биометриските пасоши, договорот за реадмисија, мерките во борбата против корупцијата, при што се сметаат полесни за преговарање.
Турција очекува гласањето на ЕУ за безвизниот режим на патување да се одржи пред парламентарните избори што треба да се одржат во 2019 година.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган по самитот во Варна одржан со европските лидери во март, изјави: „Ако ЕУ веднаш преземе чекори во врска со ова прашање, ние ќе бидеме ослободени. Ова не треба да биде политичка работа, не треба да заземе став кој може да ја загрози довербата на турските граѓани во ЕУ“.