Erdoğan Çağatay Zontur
25 Септември 2020•Ажурирај: 26 Септември 2020
ИСТАНБУЛ
Турските обвинители издадоа налози за апсење за 76 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Операцијата во Истанбул беше спроведена во 19 области од страна на антитерористичките тимови, со цел фаќање на осомничените“, вели изворот, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на свои припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.