Merve Aydoğan
26 Септември 2018•Ажурирај: 26 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - „Денес се издадени налози за приведување на 71 осомничено лице, вклучувајќи 61 војник и 10 наводно „прикриени имами“ на терористичката организација ФЕТО“, се соопштува од Канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Како дел од случајот за инфлитрација на ФЕТО во Турските вооружени сили, од Канцеларијата на јавниот обвинител се издадени налози за приведување на 61 војник, од кои 36 се сè уште на должност.
Вкупно 39 осомничени, вклучувајќи 33 војници, досега се приведени во истовремените операции спроведени од безбедносните единици низ 23 области во Турција.
Налозите за приведување се издадени за 23 осомничени од Командата на копнените сили, 24 од поморските сили, 11 од воздухопловните сили и тројца осомничени од жандармериските сили.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули, 2016 година, во кој животот го загубија 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на легално избраната власт преку инфилтирирање во турските институции, особено во Армијата, полицијата и во судството.