Sorwar Alam
03 Јули 2018•Ажурирај: 03 Јули 2018
АНКАРА/ЧАНАККАЛЕ (АА) - Турските обвинители денеска издадоа налог за апсење на 56 осомничени лица поврзани со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара издаде налог за 27 лица за користење на БајЛок (ByLock), шифрирана апликација што ја користеле членовите на ФЕТО пред и за време на неуспешниот обид за државен удар.
Четворица од осомничените се уапсени од страна на безбедносните сили. Уште еден налог за апсење беше издаден од страна на истото обвинителство против шестмина службеници во Командата на воената авијација поради сомнение за поврзаност со терористичката организација.
Во северозападната област Чанаккале, обвинителите побараа апсење на 26 воени офицери, меѓу кои двајца полковници, еден потполковник, еден мајор, шест капетани, 13 поручници и тројца потпоручници поради поврзаност со ФЕТО.
Тројца од осомничените претходно беа отпуштени, додека 23 од нив се војници на должност.
Во меѓувреме, турските безбедносни сили во северната област Токат уапсија 10 осомничени членови на ФЕТО, вклучувајќи и војници на должност, во рамките на друга истрага што ја води јавното обвинителство на Токат.
Канцеларијата побара затворање на 13 осомничени, вклучително и 12 војници на должност и еден цивил. Полицијата ги бара преостанатите тројца осомничени.
ФЕТО и нејзиниот лидер со седиште во САД, Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за државен удар кој се случи на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 луѓе, а 2.200 беа повредени. Терористичката организација ФЕТО спроведува долготрајната кампања за соборување на демократски избраната власт преку инфилтрација во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.