Halil Fidan
01 Мај 2021•Ажурирај: 02 Мај 2021
ИЗМИР
- Халил ФИДАН
Шереф Багли (80) од турскиот град Измир, во месџидот (верски објект без минаре за молитва на муслиманите) се грижи за мачката и нејзиното младенче, кои ги пронајде во комплексот на турбето Мизракли Деде.
Багли веќе 10 години се грижи за напуштените кучиња и мачки.
Воден со голема љубов кон животните, Багли поголемиот дел од своето време го минува во грижа кон мачката Бонџук и нејзиното новородено младенче.

Во разговорот со новинарот на Агенција Анадолија (АА), Багли рече дека мајката мачка, на која и починале три од четирите мачиња, со единственото младенче дошла до турбето.
Во дворот им направиле засолниште, но се одлучиле да ги преселат во месџидот, за да бидат на сигурно додека младенчето не порасне.
„Бонџук младенчето го донесе во дворот на месџидот, но таму не беше на сигурно. Срцето не ми мируваше. Преку ноќта не можев да спијам поради тоа. Поранив тоа утро и ги преместив во месџидот. Мачката ме познаваше од претходно и затоа не ми беше тешко да ги преместам. Во еден агол поставив столче, на кое раширив сеџаде (простирка за клањање при молитва) и тука ти сместив“, рече Багли.

Тој додаде дека неколку пати во текот на денот доаѓа и се грижи за мачките.
„Моментално се добро и ме смирува тоа што се среќни. На нив се навикнаа и луѓето што доаѓаат да клањаат. Тука ќе бидат додека младенчето не порасне. Подоцна ќе ги преместам во просторот што специјално ги направив за нив“, рече Багли.
Тој додаде дека со зборови не може да ја опише среќата што им помага на невините суштества.
