Bilal Kahyaoğlu
04 Јануари 2022•Ажурирај: 05 Јануари 2022
КАСТАМОНУ (АА)
- БИЛАЛ КАХЈАОГЛУ
Во областа Агли во Кастамону, „60-годишни момчиња“ се натпреваруваат со санки, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во селото Јешилпинар, пријателите што се санкаат со санки најпрвин ја подготвуваат лизгачката патека.
Подоцна почнуваат да се лизгаат, а снимките и фотографиите што ги снимиле на нивните мобилни телефони ги споделуваат на профилите на социјалните мрежи.
Сликите предизвикаа насмевки на лицата на оние што ги видоа.

Мухарем Косе, кој го подготви теренот за санкање и е организатор на натпреварот во селото, за Агенција Анадолија (AA) изјави дека како семејство, од дедо до внук, сакаат да се санкаат.
Наведувајќи дека неговиот дедо бил меѓу познатите санкачи во областа, Косе рече дека е многу среќен додека се санка.
Посочувајќи дека обично тој го организира натпреварот со санки, Косе рече: „Комуницираме по телефон. Ги повикуваме тие што знаат да санкаат. Го полеваме патот навечер, чекаме да замрзне наутро, па почнуваме да се санкаме.“

- „Ми недостасува детството“
Јусуф Уста, истакнувајќи дека има жестока конкуренција во трките со санки, рече: „Дојдов од Истанбул за да ја доживеам зимата. Ми недостига детството. Нема кој да продолжи со старите традиции во селата. Организираме трки со санки, се забавуваме.“
Џемил Ајнаџи (72) рече: „Кога ќе ме викнат пријателите, доаѓам веднаш и се приклучувам на натпреварот. Кога ќе ја видиме трката, се потсетуваме на детството.“
.