Ekipa
19 Април 2017•Ажурирај: 19 Април 2017
ТУНЏЕЛИ (АА) - Канцеларијата на гувернерот на Тунџели, источна Турција, соопшти дека се извадени 12 тела под остатоците на полицискиот хеликоптер "Сикорски", кој во вчера падна во подрачјето на Пулумур, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се истакнува дека поради неповолните временски услови запрена е акцијата за потрага, која продолжи во утринските часови.
Телата извлечени под остатоците се предадени на Центарот за форензика во Елазиг.
Во леталото се наоѓаа седум полициски службеници, судија, подофицер и тројца членови на екипажот.
По аутопсијата ќе биде организирано погребување на телата на жртвите.